Градоначалникот Никола Бакрачески , во протоколарна посета го прими амбасадорот на Кралството Шпанија во нашата земја, неговата екселенција Рамон Абароа. Непосреден повод за посетата беше свеченото отварање на „ Неделата на Шпанскиот филм“ во Центарот за култура „ Григор Прличев“.
Бакрачески ја истакна одличната можност за поблиско запознавање на шпанската кинематографија низ ваквата манифестација и градење на цврсти културни врски меѓу двете земји. Амбасадорот Абароа не истакна задоволство престојот во Охрид и можноста за презентација на шпанската филмска уметност и ја изрази својата увереност дека во иднина Кралството Шпанија, секогаш ќе биде подготвено не само на културен , туку соработката со Охрид да биде проширена и на сите други полиња од општественото живеење.
Во текот на седумте вечери од „ Неделата на шпански филм во Охрид“, ќе бидат прикажани седум филмски остварувања од поновата шпанска продукција, а свеченото отворање е со филмот „ Метод“ на режисерот Марсело Пињеиро.
OhridNews