Со отварањето на повеќенаменското игралиште во населбата Лескајца градоначалникот Бакрачески најави продолжување на реализиацијата на дел од проектите предвидени во програмата.  Градоначалникот посебно е задоволен што ваквиот проект се реализира со “локални“ сили.

– Она што посебно радува во оваа приказна е тоа што се осврнавме на сопствени кадри, на начинот на организацијата и сите работи околу изградба и проектирање на овој мултуфункционален парк. Активностите беа изведени од страна на локалната самоуправи и јавните локални претпријатија, тоа е факт што посебно радува. Јавните охридски претпријатија покажаа дека имаат капацитет да се носат и со големи проекти со кои ќе го осмислуваме градот – рече градоначалникот Бакрачески на отварањето.

Покрај отварањето на нови, градоначалникот напомена дека ќе има и реконострукција на некои веќе постоечки вакви игралишта.

– Наша цел е едно игралиште кај Сараиште да се реконструриа, додека наредното од ваков тип ќе биде изградено на Железничка – потенцираше Бакрачески.

OhridNews