Градоначалникот Никола Бакрачески оствари средба со Вероника Скарборо,  заменик шеф на политичкиот и економски сектор во амбасадата на САД во Македонија. На средбата која се реализира по барање на Скарборо, градоначалникот Бакрачески  американската  дипломатка ја запозна со актуелната економска состојба на Охрид и напорите на локалната самоуправа за подоборување на економските перфоманси на општината.

– Во изминатиов период со штедење и елиминиирање на непродуктивние трошоци економската слика за работата на локалната самоуправа е подобрена, а во следниот период ќе треба да се изгради основа врз која ќе се темели идниот одржлив развој на Охрид, истакна на средбата градоначалникот  Бакрачески.

Тој додаде дека во таа насока, со новата стратегија и пристап во развојот на туризмот, се преземаат мерки кои на долг рок ќе значат солидна основа за севкупниот развој на градот.

OhridNews