Општина Охрид е една од водечките општини во Република Македонија во делот на водењето на социјална политика и грижата за социјално ранливите категории на граѓани, рече на денешната прес- конференција грдоначалникот Никола Бакрачески.
– Тоа претставува уште една потврда на реализираните ветувања во поглед на нашите заложби да ги подобриме условите за живот на социјално ранливите категории луѓе и да го олесниме нивното секојдневие . И покрај наследената тешка финансиска состојба, за нив општина Охрид за период од неполни две години преку различните програми и активности од својот буџет издвои 6 049 525 оо денари, рече Бакрачески .
Меѓу реализираните социјални проекти градоначалникот ги наведе субвенционирањето на дел од трошоците, односно сметките кон општинските јавни претпријатија на социјално ранливите категории на граѓани, подршка на наталитетот со еднократна парична помош на родилките, континуирани стипендии за учениците и студентите, бесплатните курсеви по англиски, германски јазик и информатика за студенти и невработени лица, помош за семејствата чии домови биле опожарени, подршката на центарот за згрижување на лица со посебни потреби “Зраци“, помошта во снабдување со огревно дрво за оваа категорија на граѓани, неколкукратните хуманитарни и донаторски активности реализирани во соработка со Црвениот Крст на Охрид.
– И тоа не е се, кога станува збор за водење на социјалната политика на општината , денес сум особено исполнет и како Градоначалник и како сограѓанин , што подадовме рака на семејствата чии домови биле опожарени во минатото, а најголемиот дел од нив во периодот на претходната локална власт кога се немало слух за надминување на несреќата на погодените. Од вкупно 13 –те опожарени објекти за период од 2011 до 2014 , дури 8 биле опожарени пред добивање на нашиот мандат во локалната, но за жал обврската да се обештетат нашите сограѓани не била исполнета од страна на минатото раководство. Но тоа не ги обесхрабри нашите настојувања да им помогнеме на сите наши сограѓани чии куќи страдаа во пожарите во минатото , и во период од 4. 04. 2013 до 31. 12. 2014 година за опожарени објекти, општината исплатила вкупно 2. 475. 771. 00 денари, рече градоначалникот.
Бакрачески потсети и на неколкукратното доделување на пакети со храна и средства за хигиена и доделувањето на огревно дрво на ранливите категории на граѓани, како и вклучувањето во хуманитарните акции кои ги реализира заеднички со Црвен Крст- Охрид. Градоначалникот потенцира дека врвен приоритет за локалната самоуправа во делот на подобрување на животниот стандард на граѓаните претставува стопанското заживување на Охрид и отворањето на нови работни места, напори кои заедно со Владата се водат во континуитет и кои се насочени кон намалување на бројот на лица кои се од социјален ризик.
– Влезот на двата автомобилски гиганти “ОДВ- Електрик“ и “Костел“во Охрид се можност за нов почеток на овие лица и нивно активно вклучување во пазарот на труд. Тоа не е се и тука не застануваме. Нашата борба за подобра иднина на Охриѓани непрекинато и со уште појак интензитет продолжува понатака, додаде Бакрачески.
OhridNews