Охрид е преполн со домашни и странски гости, сите сместувачки капацитети се речиси исполнети и според неофицијалните податоци, во овој момент, во Охрид речиси и да нема слободно легло, изјави денес градоначалникот Никола Бакрачески давајќи осврт на туристичката сезона која е во полн ек.

Можам да кажам дека Охрид веројатно ја доживува најуспешната летна сезона споредено со минатите десеттина години  и овој тренд сметам ќе биде во нагорна линија, бројот на гости ќе расте, што е и прогноза на нашите стручни служби и тур операторите . Посебно радува што времето, за разлика од минатите години, е одлично и тоа  е еден од факторите што овозможи да имаме една од најуспешните сезони. Во моментов доминира бројот на странски гости од Турција, Белгија, Холандија, Србија, Бугарија, Полска и од други држави, а викендов има голем број и домашни гости, рече Бакрачески.

Бројот на гости се очекува да се зголемува и во наредниот период , кога со бројни манифестации ќе биде дополнително зголемена и туристичата понуда во градот.

OhridNews