Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески денес не даде одговор на новинарско прашање поврзано со аудио снимките кои пред неколку дена ги објави СДСМ, а во кои може да се слушнат различни разговори поврзани со изборите во Охрид.
-Нема да коментирам ставови на политички партии со оглед на тоа што јас сум градоначалник на општина Охрид, а претпоставувам дека институциите на системот треба да се произнесат по однос на тоа прашање, одговори Бакрачески.
OhridNews