Кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, д-р Никола Бакрачески, на денешната прес- конференција најави забрзан локален економски развој на општината преку низа проекти, меѓу кои е изградба на градски трговски центар од типот на „Скопје Сити Мол“.

Како што нагласи д-р Бакрачески, во овој центар ќе бидат доведени најпознатите светски брендови.

Тој ќе биде наменет не само за туристите и граѓаните на Охрид, туку и за граѓаните на околните градови од регионот, пред се Битола, Струга, Ресен, Кичево, Дебар и соседните градови на Република Албанија. Со тоа ќе креираме уште еднаш голем број нови работни места и секако ќе ја поттикнеме трговијата во овој регион.“ – изјави  Бакрачески.

Тој истакна дека после 8 години, локалниот економски развој за луѓето од локалната самоуправа кои се одговорни да го водат, се уште е на ниво на хипотези, теории и дисертации.

Долги 8 години во локалната самоуправа кај луѓето кои се задолжени да го водат овој сектор, се уште не гледаме ниту една реална инвестиција, ниту желба, ниту активност, а ниту било каква реална стратешка рамка за тоа како да се однесуваме кон постоечките  инвестициски зони. Нашиот пристап кон локалниот економски развој ќе биде дијаметрално спротивен. Тој ќе има проактивна улога, ќе е базиран на реални основи и професионални експертизи и ќе се состои во преземање низа економски акитвности, преку ефикасно корисење и адекватна распределба на средствата од општина Охрид и буџетот на РМ. Се со цел да се овозможи економски раст и развој на општината, да се креираат сигнификантен број на нови работни места и сето тоа да води кон подобрување на економоската и социјалната ситуација на луѓето кои живеат и творат во Охрид.“ – истакна Бакрачески.

Кандидатот за градоначалник од коалицијата „За подобра Македонија“, потенцира дека локалниот економските развој ќе се забрза преку развој на индустријата и стопанството со поддршка на малите и средни претпријатија, развој на туризмот и културата, средување на урбанистичките активности и заштита на животната средина, подобрување на комуналната хигиена, унапредување на меѓунардоната соработка, како и агро-бизнисот, односно земјоделството.

Прв проект ќе биде ревизија на стратегијата за локален економски развој кој ќе ги опфати сите области во оваа сфера, а посебен осврт ќе има развојот на Охрид како препознатлива туристичка дестинација. Конечно ќе формираме економски совет на опоштината кој ќе биде составен од локалната администрација, бизнис заедницата и научната фела. Ќе организираме денови на македонската дијаспора од наши иселеници, кои ќе бидат организирани во летните месеци. Ќе отвориме нова индустриска зона на потегот помеѓу излезот на Охрид и селото Лескоец. Во неа ќе бидат инкорпорирани постоечките стопански капацитети и ќе се создадат инфраструктурни услови и преку ослободување од комуналии, ќе се донесат нови странски и домашни инвеститори, со цел да направиме значителен број на нови работни места.“ – додаде Бакрачески.

О.Т.