Должничко доверителните односи помеѓу планерите и приватните инвеститори не смеат да бидат причина за ненавремено носење на Урбанистичките планови, односно Општината како носител на Урбанистичките планови не смее да биде заложник на таквата состојба, беше заклучено на работната средба што градоначалникот Никола Бакрачески денес ја оствари со планерите и претставници на Проектантските бироа.
На средбата се разговарало и за проблемите со кои планерите се соочуваат при изработка и донесување на урбанистички планови, како и во кој дел, општина Охрид може да влијае за побрзо донесување на истите.
Двете страни заклучија дека мора да се гледа на финансиската логика во носење на секој урбанистички план.
OhridNews