Во рамки на Интернационалната конференцијата на градоначалници што се одржува во Израел, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески го посети израелското министерство за надворешни работи каде домаќин беше заменик министерот , Ципи Хотовели, по што беше остварена работна средба со Израелскиот амбасадор во Македонија, Дан Ориан.
Бакрачески имаше прием во кабинетот на Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, кој ја поздрави конференцијата и изрази надеж за идна успешна соработка меѓу различните градови од различни држави. Градоначалникот на Охрид оствари средба и со градоначалникот на Ерусалим Нир Баркат при што беа прецизирани концепти за идна заедничка соработка.
Во рамки на посетата во Ерусалим, Бакрачески имаше работна средба и со менаџментот на најголемата болницата во Израел, Хадеса – еин Карем во Ерусалим, каде беа договорени модели за соработка со Заводот за Кардиоваскуларни Заболувања во Охрид, особено во делот на интервентната Кардиологија.
OhridNews