Победничкиот трофеј на екипата Раднички од Крагуевац, која триумфираше на кошаркарскиот турнир „Охрид трофеј 2013“ и го предаде градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески. „Црвените“ во финалето го совладаа македонскиот првак, МЗТ Скопје по дополнителни пет минути со 90-88.


– Меѓународниот кошаркарски турнир „Охрид трофеј 2013“ е спортска гордост за охриѓани оваа година. Морам да кажам дека турнирот е плод на одличната координација меѓу Општината Охрид и Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, а така ќе продолжи и во иднина. Сметам дека ваквите спротски настани се нешта кои охриѓани долго врема наназад ги очекуваат и покажаа огромно желба за тоа – смета Бакрачески.

Градоначалникот најави дека успешно организираниот турнир е мотив повеќе за следната година за уште поквалитетен и помасовен кошаркарски турнир.

– Убеден сум дека Охрид нема да остане на само еден турнир, туку ќе направиме квалитетен со повеќе екипи, кој ќе биде еден од подобрите на Балканот. Првиот турнир беше полн погодок, охриѓани покажаа желба што е мотив повеќе за следната и годините што доаѓаат – додаде Бакрачески.


Покрај ракометот во кој Охрид има преставник во елитнто друштво, Бакрачески сака уште еден клуб, кој ќе го преставува градот Охрид. 

– Локалната самоуправа е секогаш тука за помош на охридските спортски колективи. Со Ј.П. „Билјанини Извори“ реализиравме неколку проекти, а покрај ракометот на градот Охрид неопходен му е уште еден член во елитата дали било тоа во кошарка или фудбал. Ние наредната година ќе направиме напори да поддржиме еден сегашните клубови кои егзистираат во градот – заклучи првиот човек на Охрид.

Мх.П.