Утре во Охрид во работна посета ќе биде министерот за финансии, Зоран Ставрески. Како што најавуваат од локалната самоуправа, министерот заедно со градоначалникот Никола Бакрачески во 12.30 часот на улицата „ Питу Гули“ ќе го означат почетокот на реализацијата на проектите од Светска Банка.

Претходно, градоначалникот Бакрачески ќе одржи прес конференција на која, како што се потенцира, ќе бидат соопштени значајни информации, но не се  открива за какви информации станува збор.

OhridNews