Градоначалникот на Охрид , Никола Бакрачески, министерот за транспорт и врски ,  Владо Мисајлоски  и  заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство,  Ванчо Костадиноски, со претставници од Дирекцијата за заштита и спасување,  денеска беа на терен  кај Технолошко Индустриската развојна зона- Струга.

Целта на посетата беше да се   констатира  во каква состојба се коритата на  реките Рибница и Сатеска  при што  беше заклучено дека неопходно е чистење и пробивање на речните канали  со цел  да не се повторат поплавите кои се случија на опфатот ТИРЗ –Струга пред неколку месеци.

На средбата беа слушнати мислењата и на  поедини  локални земјоделци кои поседуваат земјишта околу двете реки во врска со обезбедување пат за пристап на механизацијата до потребните места за чистење.  

OhridNews