– Од тие причини ние го организиравме состанокот со релаватните фактори во спортот во Македонија. Очекуваме во една координирана и постојана комуникација со федерациите да дојдеме до омасовување на спортот во Охрид и потоа да бараме резултати од спортските друштва и клубови – рече Бакрачески.
Бакрачески го има планот за заживување на спортот. Со својот тим планот ќе го реализираат од септември кога ќе во училиштата со помош од професорите ќе формираат лиги во екипните спортови низ кои ќе се калат децата.
– Една од нашите активности која ние претходно ја предвидовме е организација на училишни спортски лиги во рамките на Општина во Охрид. Таа идеја ќе ја реализираме од септември, а со тоа ќе дадеме допринос за в садување љубов во спортот кај децата од мали нозе – заврши Бакрачески.
Неколку недели претходно Бакрачески имаше средба со спортските работници од Охрид кои му ги соопштија проблемите и плановите за во иднина.