Денес градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на пратеникот Сашо Василески, ги посети пензионерите кои престојуваат во Охрид, користејќи ги погодностите што Владата на Република Македонија ги обезбедува за оваа категорија граѓани.

Градоначалникот Бакрачески им посака пријатен престој во Охрид и добро здравје, со желба и во наредните години да бидат гости на охридското крајбрежје.

Во релаксиран  и спонтан разговор, Бакрачески ги запозна пензионерите со плановите на локалната самоуправа за изградба на дом за пензионери, со кој оваа категорија ќе ги има оптималните услови за живеење и реализација на нивните активности.

OhridNews