Изградба на детска градинка во Охрид. Исто така и реконструкција на постоечките градинки со цел да се зголемат капацитетите и нема да има повеќе листи за чекање за ниту едно дете во државата. Бесплатни градинки за сите деца од семејства со минимални приходи и подобри услови за учениците од прво до деветто оддоление, – најави кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО ДПМНЕ од 5 изборна единаца, Грација Бакраческа.
Воведување и субвенционирање на здрава исхрана за учениците од прво до деветто одделение со ангажирање на експертиза од нутриционист, со цел да се создадат добри навики кај децата и да се заштити нивното здравје. Ќе обезбедиме стипендии за сите ученици и студенти од социјално загрозените семејства. – истакна Бакраческа.
Таа најави изградба или реконструкција на социјални станови за социјално-ранливите граѓани со цел обезбедуведување на пристојни и стабилни услови за живеење, отворање на дневни центри за деца со пречки во развојот. Инклузија на децата со аутизам, за да можат подобро да функционираат во општеството. За повозрасните граѓани домување во новоизградени домови за стари лица за современи услови за живот.
Заложбата на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да поттикне социјално одговорни општини кои пружаат заштита, помош и поддршка во сите сегменти, во согласност со приоритетите на граѓаните. Само инклузивно општество е основа за еднаквост и демократија. – рече Бакраческа.
OhridNews