Министерката за надворешни работи, Дора Бакојани, ќе ја предводи грчката делегација на новата рунда преговори околу спорот што Грција го има со името на нашата земја, објавија македонските медиуми повикувајќи се на владини извори.
Како што веќе пишуваше Ohridnews, преговорите наредната недела ќе се одржат во Охрид, а македонската делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски.
Средбата ќе се одржи со посредтво на специјалниот претствник на ОН, Метју Нимиц. Средбата во Охрид ќе биде прв директен контакт на министри за надворешни работи на Македонија и Грција од почетокот преговорите за спорот околу уставното име на земјава. Подигнувањето на нивото на преговорите кои досега ги водеа овластени преговарачки тимови на двете земји, се смета за сериозен обид за изнаоѓање решение за билатералниот спор за кој Скопје и Атина имаат дијаметрално спротивни ставови.
Г. Момироски