Нова авторска песна од охриѓанецот Александар Петрески. Станува збор за песната насловена „Бакни ме низ солзи“, која е прва негова авторска песна напишана на македонски јазик.
Песната ја напишав есента 2007 година на 20 годишна возраст. И музиката и текстот ги оставив непроменети. По 14 години конечно ја виде светлината на денот. Снимена е пред кратко, а видеото е снимено летово во Охрид на најубавото езеро на свет, што и всушност ми беше најголемото уживање во целиот процес. Музика, текст, аранжман, микс, мастеринг и видео обработка се моја продукција, вели Петрески.
OhridNews