Бакнувањето е добро за забите и го зајакнува имунитетот, а ги намалуваат симптомите на алергија и стрес, тврдат научниците. Стоматологот Метју Месина укажува на користа на таканаречениот „влажен бакнеж“, кој поттикнува производство на плунка која од забите ги отстранува штетните бактерии. Научниците, исто така, наведуваат дека со бакнежот можат да се согорат до шест калории во минута. Исто така, цела низа мускули на лицето се активираат при бакнувањето, и само неколку минути дневно е доволно за значително подобар изглед на образот и челото.

Експертите укажуваат дека не може да се порекне дека кај бакнувањето доаѓа до размена на бактерии, при што една е посебно опасна за жените во бременост. Меѓутоа, истражувачиоте веруваат дека кога тој вирус жената го добиба со бакнежите во мала количина пред да остане бремена, тогаш се развива отпорност и вирусот не се пренесува на децата. Чувството на опуштеност за време на бакнежот не е само во главата на поединецот, бидејќи студија спроведена во 2009 година итврдила дека и кај мажите и кај жените опаѓа нивото на кортизол, односно хормонот за стрес после бакнежот. Истражувањето спроведено во Јапонија покажало и дека паровите кои се бакнувале 30 минути имале пониско ниво на протеини кои предизвикуваат алергиско кивање и течење на носот.