Без голови и без победник заврши натпреварот помеѓу Болоња и Милан на „Ренато Дел`Ара“ стадионот кој означи крај на 16-та рунда во италијанската Серија А.

Стрелците немаа свој ден иако имаа прилики, а за возбудувања и мало загревање на страстите се погрижи фудбалерот на Милан Тимуе Бакајако кој за неполни три минути доби два жолт картони и автоматски црвен. После исклучувањето на Бакајако, Болоња се осоколи нападна, но Милан го издржа налетот и обезбеди бод од гостувањето.

Освоениот бод е од големо значење за Болоња која се бори за опстанок, додека „росонерите“ остануваат на четвртата позиција со два бодови повеќе од Фиорентина.

OhridNews