– Овој свет празник кој го слави духовното и телесно прочистување на нашите сограѓани од исламска вероисповед, нека биде повод за нив, како и сите луѓе со добра воља, да ги негуваат човечките и цивилизациски вредности, љубовта кон семејството и пријателите. Нашите честитки се проследени со надежта дека на верниците-муслимани, Алах ќе им ги прифати нивните рамазански пости и ибадети. Посакуваме овој Бајрам да мине во знакот на личното и семејно задоволство во домовите на нашите сограѓани муслимани, и да ја потврди упатеноста на едни кон други во остварувањето на подобар живот, разбирање и меѓусебна почит меѓу граѓаните од нашата општина.
Рамазан-Бајрами мубарек олсун! – порачуваат градоначалникот Петрески и претседателот на Советот Јаковчески.