Во Охрид денеска се одржува Третиот состанок на Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро.

На состанокот на кој учествуваат претставници во Билатералниот комитет предводени од министрите за животна средина на Македонија Џелил Бајрами и на Албанија Луфтер Џувели, се разговара за новиот македонски закон за рибарство и аквакултура, а ќе биде разгледана и информација за нацрт просторниот план за Охридско – преспанскиот регион.

Новиот закон за рибарство ќе ја подобри состојбата со рибниот фонд во Охридското Езеро и ќе се спречи неговото нелегално изловување, изјави денеска во Охрид министерот за животна средина и просторно планирање, Џелил Бајрами

Албанскиот министр Луфтер Џувели  најави дека на 15 март ќе започне изградбата на колекторскиот систем, што се смета за главен предуслов за ефикасна заштита на Охридското Езеро..

Една од целиоте на состанокот е и усвојување на концепт за прогласување на заеднички биосферски резерват во сливот на Охридското Езеро, а најавен е и заеднички настап на одбележувањето на 5-Јуни (денот на екологијата) и 22 Јуни (денот на Охридскот Езеро).

Државниот секретар во  македонското министерство за животна средина , Дејан Паноски, денеска информираше дека иницијативата за донесување Национална стратегија  за цврст отпад, која се смета за најкритична од областа  на животната средина, од вчера е во владина процедура, како и дека отпочнала втората фаза од подготовките на Законот за бучавост.