Балканската асоцијација на хотелиери- БАХА, чие седиште е во Македонија и има за цел унапредување на промоцијата и развојот на хотелско- угостителските објекти на Балканот, деновиве, во Белград изврши доделување на наградите за најуспешните од областа на угостителството и туризмот.

Како што потенцираат од БАХА, чиј член е и Дончо Танески, претседателот на ХОТАМ, со заеднички напори и меѓусебна соработка на субјектите кои се дел од БАХА, се унапредува туризмот, се полнат хотелите и рестораните  со гости, а стремежот е во наредните десет години успехот да е уште поголем.

Наградата за најдобар менаџер на хотел на Балканот ја доби Јасен Штарев, а за животно достигнување во областа на туризмот награди добија Слободан Унковиќ и Анѓелко Леко. За најдобар ресторан на Балканот е прогласен белградскиот ресторан Амфора.

Наградените беа одликувани со ордени и витешки одела.

OhridNews