Веќе неколку месеци на патот Охрид – Скопје, на клучката кај село Подмолје крај патот р`ѓосува хаварисан багер. Што се случило? При транспорт (багерот бил пренесуван со камион во правец кон Охрид) возачот на камионот погрешно проценил дека ќе може да помине под надвозникот, но багерот со механичката „рака“ удрил со голема сила во надвозникот при што самиот претрпел огромни оштетувања, како и мостот на кој останала огромна „лузна“ – искината арматура и искршен бетон.

Голема среќа е што во моментот на ударот (багерот паднал од камионот) немало возила пред и зад транспортниот камион и од спротивната страна на магистралниот пат. Избегната е поголема и потрагична несреќа.

Добро, биднало што биднало, но зошто багерот не е кај сопственикот (кој и да е) бидејќи вака оставен „поттурнат“ настрана е потенцијална опасност за возачите. А и грда слика е. Што се однесува до мостот (надвозникот) сигурно силината на ударот оставила некакви последици – пукнатини, намалена носивост, можеби и нарушена статика.


Јасно се гледа оштетувањето на надвозникот

С.Костоски