При изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, вчера, пронајдени се лимени сандаци со куршуми од различен калибар од Втората светска војна, информира СВР Охрид.

По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно подигната од стручните екипи, соопшти полицијата.

OhridNews
Фото: Илустрација/архива