Охриѓанецот Фатмир Бафто го продолжи договорот и во наредната сезона останува да го брани голот на Кораби. Бафто на полусезоната го напушти тимот на Охрид Лоте и премина во Кораби, а со тимот од Дебар успеа да го освои првото место во третата лига и по пауза од 12 години се пласира во Втората лига.
– Задоволен сум од понудените услови и на обострано задоволство ја продолжуваме нашата соработка, вели Бафто
Фудбалерите на Кораб подготвките за новата сезона во втората лига ќе ги стартуваат околу 25 јуни, а на клупата останува Екуран Уштеленца кој ги предводеше “соколите“ до големиот успех.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com