Германскиот гигант Баерн Минхен продолжи да ниже трофеи, откако триумфираше на Светското клупско првенство, кое изминативе недела дена се одржуваше во Катар. „Баварците“ во големото финале го совладаа мексиканскиот Тигрес со минимални 1-0 (0-0).
Избраниците на Ханс Флик доминираа во текот на целиот натпревар, но отпорот на мексиканците во скршија после десеттина минути во второто полувреме. Стрелец на погодок за почетно водство, кое на крајот се покажа доволно за победа беше Бенџамин Павард.
Со освојување на титула на Светското клупско првенство, Баерн Минхен го освои шестиот трофеј во една сезона и го повтори успехот на Барселона, остварен во 2009 година под водство на Пеп Гвардиола. Финалната завршница на СКП се играше годинава, откако во 2020 година беше одложено поради пандемијата на коронавириусот.
OhridNews