Водечката екипа на табелата во Бундес лигата, Баерн Минхен ќе го следи примерот на Шалке и ќе започе со тренинзи. Првата прозивка на „баварцарците“ е закажана за утре (понеделник).

Гигантот од баварија тренинзите ќе ги започне во строго контролирани услови, со почитување на мерките и препораките од германските власти и докторите.

На прозивката ќе се појават вкупно 21 фудбалер. Тие ќе биде поделени во пет групи и ќе тренираат во интервали. Секоја група ќе добие детални упатства за начинот и времето на тренингот. Поради повреди на почетокот од тренинзите ќе недостасуваат Иван Перишиќ, Роберт Левандовски и Никлас Зуле.

После тренинзите, фудбалерите не смеат да се тушираат, а храната која ја добиваат ќе понесуваат во своите домови бидејќи забрането е задржување во клупските простории.

OhridNews