Екипите на Баерн Минхен и Тигрес ќе ги одмерат силите во финалето од Светското клупско првенство, кое се одржува во Катар.

„Баварците“ улогата на фаворит ја оправдаа во дуелот со Ал Ахли во кој славеа со 2-0, а Тигрес билет за финалето обезбеди со минималниот триумф над Палмеирас со 1-0.

Баерн Минхен ќе има шанса на титулите од Лигата на Шампиони и Бундес лигата да го додаде трофејот од Светското клупско првенство, додека за Тигрес победата во дуелот со германскиот гигант и освојување на медалот ќе биде супер предизвик.

Финалниот натпревар се игра на 11 февруари, на стадионот „Едукејшн Сити“ во Ал-Рајан, Катар.

OhridNews