Принудната пауза во светот на фудбалот поради коронавирусот на екипите им овозможи ретка прилика за рекапитулација на случувањата во тековната сезона. „Баварците“ ја направија својата и најавија неколку промени во ростерот на екипата.
Баерн Минхен првиот чекор од промените ќе го направи на тренерската позиција. Место в.д. тренер моменталниот стратег Ханси Флик ќе добие пернаметен договор и можност да си направи екипата по свој вкус.
Промените во составот ќе започнат во одбраната. Карта во еден правец ќе добие Жером Боатенг. Репрезентативецот на „панцирите“ неколку сезони беше столб на одбрана но последниов период не игра на посакуваното ниво и разделбата е не избежна.
Втор на листата е Хави Мартинез. Играчот за секоја позиција во екипата кој дојде во ерата на Пеп Гвардиола нема иднина во концептот на Флик. Шпанецот веројатно ќе се врати во својата родна земја и кариерата ќе ја продолжи во Севиља. Како трето име со кој ќе се раздели германскиот гигант се споменува Корентин Толисо. Офанзивниот фудбалер е пред кам бек во Франција.
Баерн Минхен одлучи да го откупи договорот на хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ од Интер, а да го врати Кутињо во Барселона.
OhridNews