Актуелниот германски и европски првак, Баерн Минхен се одлепи на врвот од табелата во Бундес лигата, после триумфот 3-2 (1-1) во дерби пресметката со Борусија Дортмунд на „Сигнал Идуна Парк“.
„Милионерите“ и „баварците“ одиграа спеткуларно дерби во кое гостите од Минхен беа подобри за еден гол и ги однесоа трите бодови.
Голеадата ја отворија домаќините кои преку Марко Ројс во 45-та минута поведоа со 1-0. Во судиското продолжение од првиот дел Баерн Минхен изедначи со голот на Давид Алаба. На стартот од вториот дел Баерн Минхе го презеде водството. Стрелец беше Роберт Левандовски. Во 80-та минута Лерој Сане зголеми на 3-1, а малку неизвесност во дербито донесе Ерлинг Халанд кој намали на 3-2. Домаќините не постигнаа трет погодок и мораа да му честитаат на големиот ривал.
Баерн Минхен со 18 бодови е лидер на табелата во Бундес лигата. Второпласиран е Лајпциг со 16 бодови, додека на третата позиција се наоѓа Борусија Дортмунд со 15 поени.
- Резултати:
Аугсбург – Херта 0-3
Мајнц – Шалке 2-2
Лајпциг – Фрајбург 1-0
Штутгарт – Ајнтрахт Франкфурт 2-2
Унион Берлин – Арминија Билифилд 5-0
Борусија Дортмунд – Баерн Минхен 2-3
OhridNews