Успехот не е случаен, а поддршката од симпатизерите е круна за еден спортски клуб. Баерн Минхен, го има рецептот за успешен клуб и голема армија на фанови ширум светот. „Баварците“, на оригинален начин им се заблагодари на македонските фанови за поддршката во 2019 година.

Германскиот гигант на својот официјален фејсбук профил, постави фотографија со македонското знаме на која пишуваше „Благодарам“. Потегот на германците наиде на воодушевување кај македонските фанови кои поставуваа слики од посетите на Алијанц арената и градот Минхен.

„Баварците“, уште еднаш потсетија за кого се игра фудбалот и кој е главен двигател на еден клуб каков што е Баерн Минхен.

OhridNews