Европскиот првак Баерн Минхен и англискиот премиерлигаш Челси ги заокружија осумте екипи во четвртфиналната фаза од Лигата на Шампиони. „Баварците“ и „сините“ во осминафиналето успешно се справија со Лацио (6-2) односно Атлетико Мадрид (3-0).

Германците пласманот во четвртфиналето го заверија со нов триумф, овој пат со 2-1. Кога ќе се додаде победата од 4-1 во Италија, „баварците“ доминатно и без проблеми го елиминираа италијанскиот калчолигаш.

Челси, пак, требаше добро се испоти да го елиминира лидерот во шпанската Ла лига, Атлетико Мадрид. „Сините“, кои славеа со 1-0 во Шпанија, на домашен терен резултатот го отворија после половина час игра. Победата и пласманот понатаму го официјализираа со погодокот на Емерсон во  финишот од натпреварот.

Покрај Баерн Минхен и Челси, во топ 8 пласман обезбедија Манчестер Сити, Пари Сент Жермен, Борусија Дортмунд, Реал Мадрид, Ливерпул и Порто.

Ждрепката за четвртфиналните парови е утре (петок), со почеток во 12 часот.

OhridNews