Баер Леверкузен предводен од Чаби Алонсо го обезбеди трофејот во германското фудбалско првенство – прв во клупската историја.

Избраниците на 42-годишниот тренер си го загарантираа конечното 1 место на табелата на пет недели пред крајот на сезоната во Бундеслигата, совладувајќи го вчера Вердер Бремен (5:0) во 29. коло.

Конкурентите на Баер ги загубија и теоретските шанси да го стигнат лидерот. Тимот на Алонсо има 16 бодови пред двата најблиски противници на табелата.

Клубот од Леверкузен стана национален шампион за прв пат во својата историја. Претходно, Баер пет пати го зазеде второто место на крајот на сезоната во Бундеслигата, тоа се случи во 1997, 1999, 2000, 2002 и 2011 година.

OhridNews