Холанѓанецот Рико Верховен среќно ја однесе победа во пресметката со мараконскиот борец Бадр Хари, која доцна синоќа, се одржа во Арнхем, Холандија.

Бадр Хари без победата остана само поради тешката повреда на ногата со која се здоби при удар во третата рунда. Болките беа посилни од желбата и Бадр Хари се повлече. До тогаш, Мароканецот доминираше и упати неколку жестоки удари кон домашниот борец.

После борбата и прогласувањето на победникот, Бадр Хари не можеше да ги скрие солзите и разочарувањето од несреќната судбина.

OhridNews