Традиционално вечерта спроти Бадник се палат коледарски огнови, а на самата бадникова вечер во домовите се внесуваат бадникови гранчиња. Овој обичај води потекло од словенската митологија каде дабот е симбол за здравје сила и моќ. Во некои краеви од државата бадниковите гранчиња се носат во црква и се осветуваат, а потоа се носат дома. Во пресрет на Бадник на охридскиот пазар е раздвижено. Покрај костени, ореви и овошје кои се традиционално застапени на бадниковата вечера, на пазарот се продаваат и бадникови гранчиња. Едно гранче чини 10 денари. Граѓаните масовно купуваа бадникови гранчиња кои ќе им ја разубават ноќта спроти Божик.


Бадникови гранчиња во пресрет на празникот

Ohridnews
фото: М.Постоловски