Екипата на Бадел е победник во Купот на Македонија во женска конкуренција. „Жолтите“ во финалето со 77-57 го совладаа вицепрвакот Кросиг.


До дебитанската титула од националниот куп кошаркарките на Бадел стигна со доминатната игра во текот на целиот натпревар и не им дозволија на противничките ни да помислат на победа.

Претходно како вовед на сениорското финале се одигра младинското во кое титулаа ја освои тимот на Кросиг победувајќи го Бадел со 65-51 во финалето.

За најкорисен кошаркар во сениорското финале беше прогласена Александар Стојаноска, која постигна 20 поени, а додаде уште четири скокови и три асистенции.

Фото : Емилио
Мх.П.