Познатиот бренд „Бадел“, генерално претставништво Скопје, по дваесетти пат организираше пикник за своите деловни партнери и пријатели. Овојпат пикникот „Бадел“ го организираше на терасата на хотелот „Дрим“ во Струга.

-Целта на овој пикник е да ги собереме сите наши пријатели, купувачи, добавувачи, сите кои имаат соработка со „Бадел“ па дури и нашата кошаркарска екипа која оваа година ја освои двојната круна, куп и шампионска титула во Македонија и се натпреваруваше во „Аба“ лигата, така што се што ни значи и е блиско до „Бадел“ е овде од цела Македонија.-изјави Љупчо Павловски генерален директор на „Бадел“ – Скопје.

На овој начин изразуваме благодарност до сите наши деловни партнери и локални дистрибутери, додаде Павловски.

Ова е трет пат овој корпоративен настан да се организира во Струга. Претходно баделовиот пикник по еднаш се одржа во Вевчани и во хотелот „Макпетрол“.

OhridNews