Лидерот во српскиот шампионат, Црвена Ѕвезда ги престави новите засилување Давид Бабунски и францускиот интернационалец Дамијан ле Талек.
Репрезентативецот на Македонија и Ле Талек ќе бидат големи засилувања за „црвено белите“ во походот кон титулата во Србија и евро предизвиците.
– Црвена Ѕвезда е најголем и најуспешен клуб на Балканот. Многу убави работи слушав за навивачите на Црвена Ѕвезда и ќе се трудам да ја оправдам довербата која ми е доделена. Добив совети од татко ми и другите најблиски дека Ѕвезда е вистински клуб за мене и мојот напредок во кариерата. – рече на промоцијата Бабунски.
Поранешниот член на Б екипата од Барселона на својот грб ќе ја носи 18-ката додека Ле Талек го одбра бројот четири.
OhridNews