Македонската фудбалска репрезентација ги привршува во Скопје мини подготовките за саботниот дуел против Фарски острови на гостински терен на стартот од новата сезона во Лигата на нации.
Повратникот во репрезентативниот табор Давид Бабунски истакна денеска дека целта на гостувањето во Торшавн е освојување на трите бодови за што ќе биде неопходно одговорност во играта и тактичка дисциплина.
Тоа што се случувало досега треба да ни служи да извлечеме лекции, да научиме од сè што се случувало за да напредуваме. Како екипа мислам дека не сме во позиција да потценуваме ниту еден противник, особено во денешниот фудбал кога сите се подготвени. Ќе мора да ги запазиме основните принципи во играта за трка, одговорност и тактичка дисциплина. Се надеваме дека доколку тоа успееме да го исполниме, нашиот квалитет ќе ни овозможи да направиме разлика и да победиме, изјави Бабунски.
Репрезентативецот од средниот од средниот ред ова лето ја продолжи кариерата во шкотското првенство, потпишувајќи за Данди јунајтед.
Се чувствувам многу добро, среќен сум во новата средина во Данди. Имам континуитет и чувствувам дека сум во форма. Тука сум да се ставам во функција на тимот во која било улога селекторот ќе мисли дека можам да помогнам. Физички сме подготвени и не би требало да имаме проблем од тој аспект, рече Бабунски.
OhridNews
фото. МИА/ФФМ