Еден од најталентираните фудбалери во Македонија, Давид Бабунски на својот официјелен профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ отворена ја нападна Фудбалската федерација на Македонија и нејзиниот начин на работење.
Тој говори за тоа дека надежите кои претрпеа пораз 2-0 од Португалија во натпреварот, кој се одигра во средата не се вратени во Македонија и сеуште талкаат низ аеродромите ширум Европа.
– Моите соиграчи од селекцијата до 21 година сеуште патуваат да се вратат дома. Тргнаа од хотелот во Португалија во 9:30 часот сабајле и моментално се наоѓаат во Франкфурт каде што чекаат авион за Љублјана и во Скопје ќе стигнат во еден по полноќ. Дали се овие подобри услови што ги ветивте ?? Дали вие искрено сакате фудбалот во Македонија да оди напред ?? Срамота. Немој со тоа дека нема пари бидејќи сите знаеме каде се парите. Ако не сакате да ги извадите, јас сум способен да одвојам од мојата плата и да вложам за развој на македонскиот фудбал, само кажете, зошто јас вистина сакам да одиме нанапред. Пред натпревар патуваме саат време до стадион. И ние треба да излеземе на терен да браниме едно знаме и целиот македонски народ што не поддржува. Незнам колку ви е вас тоа битно или воопшто ви е гајле, ама ние за нив трчаме – стои во статустот на Фејсбук на Бабунски иначе син на селекторот на У21, Бобан Бабунски.
Давид Бабунски, кој е член на фудбалскиот клуб Барселона и потекнува од школата „Ла Масија“ минатата година дебитираше во дресот на А селекцијата и е еден од носителите на играта во младата селекцијата.
Мх.П.