Репрезентативецот на Македонија, Давид Бабунски најверојатно ќе биде првото засилување за Црвена Ѕвезда во зимскиот преоден рок.
Како што пренесува „Mondo.rs“, преговорите течат според предвиденото и ако не се случат некои изненадувања екс фудбалерот на Барселона ќе го облече „црвено белиот“ дрес.
Бабунски го помина сите категории во Барселона, но не успеа да се наметна за сениорската екипа по што клубот го раскина договорот.
– Кога ни се отвори прилика за преговори не размислувавме многу и седнавме на маса. Немаме ни потреба од размислување бидејќи тој има тренирано со Меси и Иниеста заедно. – рече Терзиќ.
OhridNews