Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21 години, Бобан Бабунски во друштво помошникот Зоран Бошковски, од трибините го следеше мечот кој надежите го загубија со 2-0. Бабунски смета дека со евентуалното проширување на лигата многу поголема шанса ќе им се даде на младите фудбалери, кои преку првенствените мечеви побрзо фудбалски ќе се созреат.
– Според мене, бранејќи ги интересите на селекциите и репрезентациите за мене е подобро да се прошири лигата, така ќе има можност многу повеќе млади играчи да играат и да настапуваат за своите тимови. Дали тоа ќе биде Пелистер, Вардар, Беласица или Брегалница е неважно, тие центри мора да се мотивираат и да играат во Првата лига, затоа што се покажа во последните неколку години многу ретко добиват шанси младите фудбалери.
– Се испушти онај модел од Југославија каде што од 21 година мораа да играат минимум тројца играчи, од аспект на квалитет сигрурно тој ќе се разводни , меѓутоа факт е дека треба да ги гледаме приоритетните работи. Сепак мислам дека Македонија треба да е приоритет да се форсираат младите фудбалери. – вели селекторот Бабунски.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com