Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати извештајот на селекторот на репрезентацијата до 21г. Бобан Бабунски и донесе едногласна одлука Бабунски да остане на селекторската функција и во следниот квалификациски циклус.
По разгледувањето на Предлог-нацртот на Статутот на ФФМ со измените и дополнувањата, УО едногласно утврди конечна верзија на Статутот и истиот ќе биде доставен до делегатите на Генералното Собрание и до меѓународните фудбалски асоцијации ФИФА и УЕФА.
Цената на влезниците за квалификацискиот натпревар со Р.Ирска што ќе се одигра во м.Јуни на Националната Арена Филип Втори ќе изнесува по сектори 300, 250 и 200 денари за Северната и Јужната трибина. Влезниците за Западната трибина ќе се продаваат по цена од 100 денари додека источната ќе им биде отстапена на фановите на Р.Ирска по цена од 20 евра за влезница.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com