Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 21г Бобан Бабунски по контролните средби со селекцијата на С. Арабија се осврна на последните настапи на младата селекција во квалификациите за ЕП и на пријателските дуели.
-Анализите на последните квалификациски средби за ЕП покажуваат дека резултатскиот пад е последица на неколку моменти. Ненавременото доаѓање на подготовките на стандардни и клучни играчи како Хасани, Ристовски, Спировски, Брдаревски, Урдинов (стартери на претходниот меч со С.Ирска) потоа Мициновиќ, Фазли, Таири, кои имаа обврски со А-селекцијата.Поради жолти картони и недоволното закрепнување по повредите на неколку играчи кои поради тоа отсуствуваа на комплетните подготовки за првиот најважен натпревар против Фарските Острови – вели Бубунски за
ремито 1-1 против островите.
Секогаш имавме отсуство на 1-2 стандардни играчи во претходните натпревари и успевавме да најдеме квалитетни алтернативи , меѓутоа овој пат не успеавме да пополниме со соодветно подготвени 5-6 играчи за вака важни средби.Останува сатисфакцијата дека докрај демонстриравме достоинствен офанзивен модел на игра како и на сите средби во изминативе 3 години од кои произлегоа 4-5 квалитетни играчи за А-селекцијата и уште 5-6 млади играчи кои сигурно се потенцијални кандидади и набрзо ќе го облечат дресот на нашата најдобра сениорска селекција – додава Бабунски
До крајот на квалификацискиот циклус остануваат уште два натпревари доколку ги победиме ќе ги задржиме шансите за второто место и пласман во баражот но јасно е дека зависиме и од резултатите на другите селекции.
– Радува што го задржавме моделот на игра и одиме во правец на формирање стил со кој ќе се гордеат сите љубители на фудбалот.И понатаму останува идејата
натпреварите на младата селекција да донесат револуција во начинот на
настапување на една наша репрезентација и овие генерации на млади
фудбалери го покажуваат тоа од натпревар во натпревар.
– завршува Бабунски.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com