Во пресрет на натпреварот со Летонија, македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски е оптимистички расположен.

Посочени сме како фаворити во групата, но ние треба да бидеме скромни и да се бориме за шансата која ја имаме. Нема да биде лесно, посебно што играме на гостински терен. Денеска сите го развиваат фудбалот, играат тактички добро. Немаме многу време за подготовки, правиме анализа за да ги идентификуваме нивните слаби страни и се разбира ние да ги искористиме нашите шанси за да ги освоиме бодовите, изјави Бабунски за сајтот на ФФМ.

Натпреварот со Летонија е закажан за 10 октомври во Рига, три дена подоцна македонските фудбалери ќе и гостуваат на Ерменија во Ереван.

Двете средби се од четвртата група во Ц – Лига на нации.

OhridNews
Фото: ФФМ