– Пред 1/2 финалниот натпревар од Лигата на Шампиони се стравуваше дека Реал Мадрид конечно ја пронајде формулата рамноправно да и се спротистави на Барселона. Тоа го докажа во финалето од Копа дел Реј со максимална ангажираност и добра контрола во одбраната да ги неутрализира сите квалитетни работи на Барселона. За среќа на фудбалот триумфираше екипата која работи, креира и се` ќе направи да постигне погодок – истакна Бабунски.
– Повеќето сакавме да победи Реал Мадрид бидејќи е поблиску со квалитет до другите екипи а сведоци сме дека Барса докажа дека е “ван“ конкуренција и тешко да се досигне нивниот квалитет на игра – смета Бабунски
Бабунски кој низ својата фудбалска кариерала играл за повеќе клубови како во Македонија така и надвор се осврна на играта на Реал Мадрид на домашен терен.
– После вавко издание на „Сантијаго Бернабе“ Мурињо сигурно ќе навлече гнев на своите симпатизери. Поради преголемата желба да се совлада големиот ривал во “Ел Класико“ не се бираат средства и начин Реал да се “протне“ во големото финале на Вембли – изјави за “Ohridnews” селекторот на младинците Бобан Баунски