Тео Волкот е најзвучното име во составот на Стујарт Пирс во пресрет на натпреварот против Македонија в петок во Ковентри.


Волкот во јуни годинава беше дел од селекцијата што играше во финалето на младинското ЕП, а се враќа во младата селекција, откако сениорската селекција на Англија обезбеди мундијалска виза, па Фабио Капело реши да го врати кај надежите. Волкот има шест гола во 20 досегашни настапи за оваа селекција.

Покрај него, во составот на Англија, се враќа Мика Ричардс, кој не играше во Прилеп на првата средба со Македонија. Тука е и соиграчот на Волкот од Арсенал, Киеран Гибс, но го нема Лук Катермол.

Македонија по три меча има два пораза и реми, а во вторник во Прилеп ќе го дочекаат вториот фаворит во групата, Португалија.

ohridnews