До крајот на квалификацискиот циклус репрезентацијата треба да одигра уште четири квалификациски средби, а првата е на почетокот на септември во Москва против Русија.
– Како човек на федерацијата секогаш сум подготвен да помогнам на националниот тим кој е светост за сите нас. Најважно е во овој момент да се сконцетрираме на анимирање на играчите за да се претставиме во што подобро светло на гостувањето во Азербејџан. Едноставно да го продолжиме профилот што го создаваме во младата репрезентација и во А-тимот. Тие што ќе бидат повикани да го дадат максимумот, да одиграат квалитетно , професионално во Баку. Денеска упативме покани кон играчите, контактираме со нив и се надевам дека во текот на утрешниот ден преку сајтот на ФФМ ќе го соопштиме списокот за јавноста– изјави селекторот Бобан Бабунски
Ова е вторпат Бабунски да седне на клупата на А-репрезентацијата на Македонија. Претходно ја предводеше нашата најдобра селекција на квалификациските дуели со Финска (пораз од 5-1), со Холандија во Амстердам (0-0) и на пријателската средба со Лихтенштајн во Вадуц (победа од 2-1).
Со селекцијата на Азербеџан досега сме играле четири пати:
Квалификации за СП 2002
Азербејџан – Македонија 1-1,
Македонија – Азербејџан 3-0
Пријателски средби:
29.Мај 2010г. Азербејџан – Македонија 1-3
27.Јули 2000г. Македонија – Азербејџан 2-1.
Ohridnews