Една победа и македонската спортска јавност го прогласува Бобан Бабунски за херој. Напатената македонска фудбалска јавност која година дена не можеше да се израдува на победа на националната селекција, на триумфот над Азербејџан гледа не баре сме го совладале Бразил во полуфиналето од Светското првенство.

Еден позитивен крик и одма се будат апетитите на македонските мегаломани. Но да не беше  Андора во групата и онаа наша “феноменална“ игра со која ја совладавме со високи 2-0 постот ќе беше уште поголем.

Едно е сигурно, Бабунски покажа дека знаеме, дека можеме да победуваме, па макар тоа бил и Азербејџан. Дебитанти, повратнци, ведети, од се по нешто имаше во составот на У21 селекторот кој успЕа да ја врати насмевката кај гледачите, а се надевам и самодовербата кај фудаблерите.


Поранешниот либеро во националниот состав, Бабунски сепак ќе биде само една кратка епизода во серијалот, национален тим. Овој серијал, по низата промашени епизоди со Мирсад Јонуз како уредник, продолжува со велшанецот Џон Тошак во уредничката фотеља.

Башка муабет во оваа ситуација е националниот сервис кој преку УЈП ќе врши присилна наплата на радиодифузната такса. Повторно на аудиториумот му беше скратена можноста во живо да ја проследи националната селекција, а ова беше четврти пријателски меч во низа како немаше директен пренос на МТВ.

М.Постоловски