Селекторот на младата фудбалска репрезентацијата на Македонија, Бобан Бабунски го соопшти списокот на 19 фудбалери со кои ќе го одигра пријателскиот меч со Словенија на 10 август во Цеље (18 ч).

Голмани:

1.Наумовски Кристијан  – ФК Динамо (Б) Романија
2.Гачевски Филип  – ФК Капфенберг Австрија

Одбрана
3.Бериша Седат  – ФК Шкендија
4.Петров Томица –  ФК Хоризонт Турново
5.Урдинов Јани –  ФК Рода Холандија
6.Лазевски Александар –  ФК Партизан Србија
7.Брдаровски Владица  – ФК Пелистер

Среден ред
8.Петров Филип  –  ФК Јавор Србија
9.Дурански Филип –  ФК Славија (П) Чешка
10.Станков Антонио  – ФК Рода Холандија
11.Ѓорѓиев Драган –  ФК Мајнц Германија
12.Муарем Муарем  – ФК Ордуспор Турција
13.Алији Бурхан  – ФК Тетекс

Напад:
14.Хасани Ферхан  – ФК Шкендија
15.Цветановски Дејан  – ФК Напредок
16.Несторовски Илија  – ФК Слогачко Чешка
17.Ибраими Агим
18.Алтипармаковски Марјан  – ФК Ксанти Грција
19.Петковски Филип  – ФК Работнички

Селекцијата ќе се собере на 8 август, но само фудбалерите од домашното првенство, додека „странците“ ќе дојдат директно во Словенија.

– Повикани се играчи кои досега настапувале во оваа селекција, освен Цветановски. Сите поминале низ селекцијата. Тука е и Гачевски, тој ќе биде во комбинација, но во спротивно нема да ризикуваме поради технички проблеми кои можат да се појават.Недостасуваат неколку стандардни играчи од оваа генерација како Димитровски, Георгиевски, Стефан Ристовски е ослободен за потребите на селекцијата до 19 години. Очекувам во Цеље да одиграме добро, бидејќи ова е генерална проверка пред настапот со Грција и она што навистина го покажавме оваа година би сакале не само да го задржиме како квалитет туку и да го поправиме – изјави Бабунски.

Ohridnews